Паркинг место во Хонг Конг продадено за речиси еден милион долари

30

Зградата наречена Center, којашто се наоѓа во Хонг Конг, постави нов рекорд со тоа што го има најскапо продадениот паркинг во светот.

Еден од 10-те инвеститори во објектот, Џони Чунг потврди дека некој одвоил 969.000 долари за да го купи најскапото паркинг место. Зградата се состои од 73 ката, а според Чунг продадени се последните четири паркинг места на некој кој поседува канцеларија во зданието.

Тој одби да го каже името на човекот кој го поседува паркинг местото со идентификација B1-1023, пишува Scoop Whoop.

Еден паркинг во оваа луксузна зграда e 12,5 метри квадратни и се наоѓа на најгорниот дел на подрумот којшто има три ката.

Center се појави и во филмот The Dark Knight, приказната за темниот витез Бетмен, а исто така има поставено и рекорд за најскапо продадена комерцијална зграда откако лани се продаде за 5,15 милијарди долари.

Фото:Pixabay