Партнерите на Евергрин Енерџи ќе се запознаат со слободните индустриски зони во Охрид

47

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денеска ќе ја посети фабриката за камини на палети Евергрин Енерџи од истиот град. Станува збор за еден од најголемите извозници во југозападниот регион од Македонија и извезува производи во над 20 земји од Европа.

На средбата со менаџментот на компанијата Бакрачески ќе разговара околу можноста, слободните индустриски зони да се презентираат пред бројните партнери на Евергрин Енерџи во Европа со цел над дваесет големи фирми од Европа да ги осознаат можностите за инвестирање во општината.

Евергрин Енерџи произведува камини од сопствен бренд, но и ултрамодерно дизајнирани камини на пелети за Италија кои се произведуваат под италијански бренд. Компанијата постојано го зголемува извозот и бројот на вработените, а последниов месец инвестирано е во нови машини и опрема.