Пазарот на нафта загуби 20% од вредноста поради блокадите во 2020 година

38

Глобалниот пазар на сирова нафта загуби околу една петина од вредноста во 2020 година, бидејќи поради строгите мерки заради пандемијата беше парализиран поголемиот дел од светската економија, но цените на “црното злато“ силно пораснаа благодарение на владините мерки за поддршка.

Северноморската нафта Брент во последниот трговски ден во 2020 година поевтини за осум центи или 0,2% на 51,55 долари за барел, додека американската WTI нафта поевтини за 10 центи на 48,30 долари за барел.

Аналитичарите се на готовс поради состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта, којшто е закажан за четврти јануари и на којшто ќе стане збор за тоа дали од февруари ќе се зголеми производството или не.

Фото: Freepik