
Акционерот Владимир Пецовски го зголеми својот удел во Реплек АД Скопје, стекнувајќи се со уште 5 нови акции, објави компанијата преку Македонската берза.
Со оваа трансакција, Пецовски сега поседува вкупно 16.505 акции, што претставува 6,37% од вкупниот број издадени акции на компанијата. Минатиот месец акционерот Владимир Пецовски, се стекна со 40 акции.
Реплек е една од водечките фармацевтски компании во Македонија, а секоја промена во сопственичката структура редовно го привлекува вниманието на инвеститорите и јавноста.













