Пекабеско со добивка од 119,2 милиони денари ја заврши минатата година

22

Прехранбената компанија Пекабеско, во период од први јануари до 31-ви декември лани, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 119.254.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2017 година, компанијата прикажа добивка од 72.955.000 денари.

“Пекабеско за периодот јануари – декември 2018 година, оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот единечен биланс на успех во износ од 119,3 милиони денари и е повисок за 63,5% од 2017 година“, стои во Образложението за остварените резултати.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември лани, достигнаа ниво од 4.731.516.000 денари. На домашен пазар е направена реализација од 4.471.537.000 денари, а остатокот од 259.980.000 денари е остварен на странски пазар.