Перат пари или ги ставаат во микробранова поради страв од Ковид-19

84

Загрижени жители на Јужна Кореја толку се исплашиле од пренесување на коронавирусот што голем дел од нив во последните шест месеци ставале пари во микробранова печка или во машина за перење алишта, со цел да ги дезинфицираат и од нив да ги уништат сите можни бактерии, пренесува Ројтерс.

Централната банка на Јужна Кореја објави дека жителите во изминатите шест месеци за три пати го зголемиле бројот на оштетени банкноти во споредба со истиот период лани, а се верува дека најголемиот дел од нив се уништени како последица од несоодветна дезинфекција.

Вкупната вредност на оштетени банкноти и вратени во банка е околу 1,1 милион долари. За споредба, истиот период лани, повлечени биле оштетени банкноти во вредност од 400.000 долари.

Банката наведува пример за човек од Јужна Кореја кој дезинфицирал околу 30.000 долари во машина за перење, а банката му признала околу 25.000 долари, што значи дека Јужнокореецот останал без околу 5.000 долари.

Фото: Pixabay