Pfizer бара итно одобрување на вакцината против Ковид – 19

39

Денеска, Pfizer и Biontech ќе достават барање до американското биро за лекови за итно одобрување на вакцината за коронавирус.

“Ние сакаме да ја испорачаме вакцината што е можно посигурно и ефективно и што е можно побрзо“, рече извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла.

Вашингтон пост наведува дека Pfizer ќе биде првата компанија што бара итно одобрување.

Pfizer пред два дена објави дека конечните резултати од последната фаза на тестирање на вакцината, што ја разви во соработка со Biontech, потврдија дека е ефикасна 95% и дека ќе бара вонредно одобрување во наредните денови.

Фото: Freepik