Pfizer повторно го потврди интересот за преземање на AstraZeneca

3

8df6a65941e4c9da40a4fb899de65c55-pfizer-inc-nyse-pfe-news-analysis-100-billion-bid-for-astrazeneca-plc-adr-nyse-aznАмериканскиот фармацевтски гигант Pfizer потврди дека повторно стапи во контакт со AstraZeneca за можното преземање во вредност од неколку милијарди фунти.

Pfizer нагласи дека иницијативата започна во јануари, но по неколкуте разговори на високо ниво, компанијата AstraZeneca донесе одлука да ги прекине преговорите на 14-ти јануари.

Но, како што стои во соопштението на Pfizer, последните случувања на пазарот го поттикна менаџментот на компанијата по втор пат да им пријде на AstraZeneca.

Доколку овие две компании постигнат договор, тоа ќе значи најголемата аквизиција на британска компанија од страна на странска фирма.

Првично, Pfizer во јануари понуди комбинација од пари и акции во вредност од 46,61 фунта за акција на AstraZeneca. Од тој момент акциите на AstraZeneca бележат раст достигнувајќи вредност од 40,80 фунти во петокот.

Станува збор за трансакции со кои Pfizer ќе ја зајакне франшизата во сегментот на онколошките производи. Покрај тоа, експерименталните лекови, иако се уште се ризични, познати како имунотерапија, со кои се зајакнува имунолошкиот состав во борбата со ракот, купувањето на AstraZeneca на Pfizer ќе му донесе значајна заштеда на трошоците.