ПИОМ, УЈП и финансиска полиција склучуваат договор за соработка

22

imagesДенес во Скопје свечено ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција.

Овој Документ има за цел да се овозможи навремена и ефикасна заштита на имотот на Фондот на ПИОМ во 275 акционерски друштва и друштва со ограничена одговорност, во кои тој се јавува како поседувач на акции и удели.

Фондот на ПИОМ ќе изготви Акционен план, во кој ќе бидат утврдени сите неопходни активности, а ќе се вршат и надворешни контроли од страна на Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција, за постојано следење на работата на трговските друштва, се со цел да се заштити имотот на Фондот и воедно имотот на Република Македонија.

Преку овие активности, трајно ќе се обезбеди редовна уплата на придонесите за 508.873 осигуреници, како и сигурна исплата на пензиите за 285.411 корисници на пензија, според утврдената динамика.