План за стан со нова гарантирана камата до 2030 година и нови промотивни услови

61

ohb-2030

Охридска банка Сосиете Женерал, воведува нови поволности во своето кредитно портфолио за станбени кредити, стои во соопштението.

По воведувањето на промотивниот период за Нај Нај кеш кредитот, во којшто сите клиенти кои ќе аплицираат за овој производ на банката, ќе бидат ослободени од административните трошоци и трошоците за апликација, Охридска банка Сосиете Женерал продолжува во иста насока и за станбените кредити.

Па така, за сите нови клиенти кои во претстојниот период, до 31.07.2017 ќе аплицираат за станбен кредит од концептот План за стан со фиксна каматна стапка до 2030 година, покрај поволностите што се однесуваат на намалените каматни стапки со вклучено кредитно животно осигурување, ќе бидат ослободени и од банкарските трошоци, односно нема да имаат трошоци за апликација, административни трошоци и трошоци за проценка на имот.

Оваа промотивна понуда нуди фиксна каматна стапка до 2030-та година која е дополнително намалена и изнесува 3,80% за првите три години и 5,95% фиксна каматна стапка од четвртата до 2030 година.

Овозможувајќи им на клиентите уште поповолни, и пред сѐ сигурни и транспаретни услови за користење на станбен кредит, од сега со дополнително намалена каматна стапка за првите три години од отплатата, најдолго гарантирана каматна стапка до 2030 година, вклучено кредитно животно осигурување за дополнителна сигурност, Охридска банка Сосиете Женерал, уште еднаш покажува дека е единствена банка на пазарот која со оваа понуда нуди можност за спокојно инвестирање во нов дом.

Во насока на демонстрирање на намерите за градење на долгорочни партнерства со клиентите со дополнителна вредност за нив, Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на клиентите кои ќе аплицираат за станбениот кредит План за стан да изберат помеѓу двата пакета за животно осигурување, и тоа: основниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,44% годишно од износот на кредитот и целосниот пакет за кредитно животно осигурување, со осигурителна премија од 0,85% годишно од износот на кредитот.

Оваа единствена понуда на пазарот, им дава можност на клиентите за целото времетраење на кредитот да бидат запознаени за точната висина на ратата која ќе ја плаќаат. Така, на пример, за станбен кредит со кредитно животно осигурување во износ од 30.000 евра и со рок на отплата од 240 месеци, месечната рата во првите три години изнесува 186 евра, а од четвртата до 2030 година e загарантирана да биде 217 евра месечно.

Концептот План за стан, е прв и единствен на пазарот според своите карактеристики, кој се одликува со стабилна и гарантирана каматна стапка за целото времетраење на кредитот.