Централната банка на Велика Британија ја пушти во оптек новата банкнота од 20 фунти, за којашто се наведува дека е една од најбезбедните.
Она по што ќе се разликува од другата банкнота од 20 фунти е тоа што оваа е направена од пласти, а содржи и посебни детали што ќе спречи нејзино фалсификување.
На банкнотата е ликот од британскиот уметник Вилијам Тарнер. Инаку, оваа банкнота е интерактивна со помош на Snapchat, по што може да се гледаат уметничките тела на Тарнер.
Хартиената банкнота ќе биде во употреба додека не се повлече во оптек, по што единствената банкнота од 20 фунти ќе биде полимерната.
Bank of England (централната банка на Обединетото Кралство) веќе пушти во оптек полимерни банкноти од пет и 10 фунти, а новата банкнота од 50 фунти ќе биде издадена следната година.
Фото: Bank of England