Платформа за брза размена на пораки меѓу медицински лица

22

Платформа за брза размена на пораки преку медицински систем во кризни ситуација е софтверско решение на компанија од Белград, којашто најавува дека ќе биде во служба на повеќе од 30.000 здравствени работници во државните установи во Србија, пренесува Екапија.

И оваа платформа е дел од иновативните проекти што Србија ги финансира преку тамошниот фонд за иновации.

“Нашиот софтвер HERMES (Heliant Real Time Messaging System), односно систем за размена на податоци во реално време, постои веќе 20 години, се користи во повеќе од 200 болници во Србија, на ниво на поединечни установи. Тоа претставува своевиден електронски здравствен картон во којшто работат повеќе од 30.000 здравствени работници во државниот сектор во Србија. Нашата иновативна идеја беше да го унапредиме HERMES за да може сите наши установи да имаат можност нивните лекари меѓу себе да бараат консултации, да им се проследуваат важни прописи, листа на лекови и слично и сите податоци да ги добиваат во истиот момент. Тоа во последните пет до 10 години беше начин на работа што е попрактичен од мејл, бидејќи на многу локации во здравствените установи и нема интернет, поради безбедност“, вели Вукашин Радуловиќ, соосновач на софтверската компанија Heliant што стои зад оваа платформа.

Пристап до платформата, како што наведува тој, ќе имаат сите важни чинители во обрана од коронавирусот, како што се кризни штабови, владата, Институтот за јавно здравје.

Фото: Pixabay