По 35 години престанува да произведува лаптоп компјутери

366

Јапонскиот технолошки гигант Toshiba по 35 години престанува да произведува лаптоп компјутери, отстапувајќи го малцинскиот пакет акции од 19,9% на Sharp, пренесува The Verge.

Пред две години Toshiba продаде 80,1% во компанијата Sharp, за 36 милиони долари, што компанијата го промени компјутерскиот бренд под ново име Dynabook, пренесува The Verge.

Toshiba беше еден од петте најголеми производители на преносни компјутери во светот во првата деценија од 21-от век. Toshiba T1100 од 1985 година се смета за прв преносен компјутер од масовно производство во светот. Оваа компанија никогаш не ја загрози позицијата на HP, Dell и Lenovo, но редовно се наоѓаше меѓу петте најголеми производители на лап топ компјутеро во светот.

Инаку, Toshiba е заслужна за еден од најважните изуми во историјата на информатиката – флеш меморија без која електронските уреди денес не би можеле да функционираат.

Фото: Freepik