По длабока рецесија економијата нагло порасна во Норвешка

34

Норвешкиот бруто домашен производ (БДП) нагло порасна во третиот квартал, по длабоката рецесија предизвикана од пандемијата на коронавирусот, покажуваат податоците на Централното биро за статистика.

Со исклучок на нафтениот и гасниот сектор, економијата порасна за 5,2 % во периодот од јули до септември во споредба со претходниот квартал, кога според ревидираните податоци падна за 6,0 %.

Променетите податоци за вториот квартал сè уште покажуваат најголем пад откако Заводот за статистика започна да објавува податоци во 1978 година.

Статистичарите посочуваат дека нивото на активност е сè уште пониско отколку во периодот пред пандемијата.

“Во септември, нивото на активност беше сè уште пониско за 2,7 % отколку во јануари“, соопшти Централното биро за статистика.

Владата затвори широк спектар на јавни и приватни институции во март, воведувајќи ги најсеопфатните ограничувања од Втората светска војна.

“Заради ограничувањата, растот ќе забави во месеците пред нас и невработеноста ќе порасне малку, но новите добри вести за вакцините сепак инспирираат надеж дека нормализацијата на економијата ќе биде побрза отколку што се сметаше порано“, велат аналитичарите на Nordea Markets.

Фото: Pixabay