Почина Енвер Малиќи, бизнисмен и заменик – градоначалник на Град Скопје

650

Заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи почина од компликации предизвикани од  Ковид-19. Енвер Малиќи е сопственик на компанијата Гемак Трејд и на Парк Хотел&Спа.

Малиќи беше еден од најуспешните македонски бизнисмени, основач на Групацијата Малиќи со компании во Северна Македонија, Косово и Албанија, а во 2018 година беше назначен од Владата за почесен конзул на Мексико во земјава. Тој е познат во јавноста и како филантроп и донатор на многу општествено одговорни организации.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во ноември 2017 година, го именуваше за заменик-градоначалник на Скопје.

Фото: Facebook