Почина “таткото“ на бар кодот

27

Џорџ Лаурер, американски инженер кој го помогна развивањето на бар кодот, почина на 94 години, пишува BBC.

Зад 12-те црни линии со различна дебелина, стои Лаурер и негов колега од IBM. Тој успеал да создаде и читач којшто ги скенира бар кодовите и ги пренесува потребните информации.

Колегата на Лаурер, Норман Вудленд, кој почина во 2012 година, се смета за пионер поради идејата за создавање на бар кодот.

Иако концептот е патентиран во 50-тите години од минатиот век, биле потребни уште неколку години за да може Лаурер да го создаде читачот со помош на евтин ласер и компјутерска технологија достапна во тоа време.

Првиот скениран бар код на производ е во Охајо во 1974 година, а се работи за пакетче гуми за џвакање на Wrigley – Juicy fruit.

Фото: PIxabay