Почна изградбата на новиот погон на прилепската прехранбена индустрија Дониа

32

doinaПочна изградбата на новиот погон на прилепската прехранбена индустрија Дониа во индустриската зона Прилеп 1.

Според директорот на оваа фирма Дражен Котески, со новиот погон даваат придонес за развојот на локалната и националната економија.

„Капацитетот ќе биде на 2.000 метри квадратни. Ќе донесеме нови машини, а инвестицијата е околу 500.000 евра. Во фирмата ќе се отворат 50 нови работни места“, рече Котески.

Своите производи Дониа ги пласира на домашниот и на пазарот во 20 земји.

„Го прошируваме работењето, но и го издигнуваме квалитетот на произведената храна. Годинава ќе воведеме нови три меѓународни стандарди за здрава храна“, вели Котески.

Според Илија Карески од одделението за урбанизам при локалната самоуправа, овој погон што ќе се гради е меѓу првите во Индустриската зона.

„На 120.000 метри квадратни се продадоа сите 21 парцели и ќе бидат застапени со капацитети сите видови индустрии во Прилеп. Идната недела ќе почнат да градат текстилната Тритекс, прехранбената Годам, фирми од урбанизмот“, рече Карески.