Почна со работа Абракадабра, платформа за онлајн продажба на хрватски Агрокор

23

hr

Во понеделникот во Хрватска почна со работа платформата за онлајн купување Абракадабра, во сопственост на А007, една од фирмите под капата на концернот Агрокор.

Плановите на Ивица Тодориќ, сопственикот на Агрокор, се да им конкурира на локалните, но и на светските онлајн продавници како Амазон, пишува Т-портал.

Во понудата на Абракадабра има преку 100.000 производи од над 1.000 брендови. За разлика од другите слични платформи, Абракадабра нуди можност за плаќање на рати.

Во платформата се инвестирани преку пет милиони евра, а од компанијата се надеваат дека во првата година од работењето ќе остварат промет од околу 20 милиони евра. Целта им е од следната година да се прошират на словенечкиот и српскиот пазар.