Почнува акцијата Black Weеk во Техномаркет

85

tehnomarket

Намалување од 20% до 50% на производи од светски реномирани брендови ќе има од денеска, 11-ти до 18-ти ноември, вторник, во сите продавници на Техномаркет. Под слоганот Black Week, во текот на оваа седмица компанијата по вторпат ќе им овозможи на граѓаните купување на врвни производи од бела техника, апарати за домаќинство и компјутерска опрема и галантерија, по вистински атрактивни цени.

Техномаркет минатата година за првпат во Македонија го воведе најпознатиот претпразничен шопинг настан, Black Friday, што беше проследен со неверојатен интерес и поради тоа, овој пат го продолжува со времетраење од една седмица. На тој начин ќе им овозможи на потрошувачите поголемо и продолжено време за шопинг на производите намалени до 50%.

Освен екстремно ниските попусти на големиот избор на производи од различни брендови, Техномаркет со оваа акција успева повторно да докаже дека е компанија што константно води грижа за своите потрошувачи, преку иновативни и интересни акции. Како резултат на тоа, за декември, месецот на празниците, најавува големи претпразнични акции и изненадувања.