Поднесени вкупно 41.817 барања за отпис на долговите на лица од ранливи категории

10

Вкупно 41.817 барања за отпис на долговите на ранливите категории граѓани се поднесени заклучно со вчерашниот ден, кога беше и последен рок за поднесување на барањето до центрите за социјални работи.

“Може да пристигнат во меѓувреме и други барања пратени по пошта, но ова а финалната бројка, потврдена вчера до 18 часот до кога беше последниот рок за поднесувања барања за отпис на долговите“, рече министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Првите решенија, како што рече Спасов, за отпис на долговите се очекува кон крајот на месецот.