Пола од компаниите во Црна Гора очекуваат потешкотии во работата

26

Половина од компаниите во Црна Гора очекуваат потешкотии во работата, поради влијанието на пандемијата предизвикана од коронавирусот, покажува истражувањето на Институтот за стратешки студии и проекции на Црна Гора.

Дури 85,9% од анкетираните компании реакцијата на државата ја оценуваат како благовремена.

“Кога станува збор за влијанието на пандемијата врз работата на компаниите, 16% од нив навеле дека нема да имаат потешкотии во работата во следниот период, секое второ претпријатие очекува потешкотии во работата, а секое трето не е сигурно дали ќе има или не потешкотии во работата“, вели Јадранка Калуѓеровиќ, директорка на Институтот.

Во истражувањето се опфатени 362 компании од три региони во Црна Гора.

Резултатите, исто така, покажуваат дека 78,6% од компаниите во секторот услуги за сместување и храна, 75% од компаниите во земјоделието, 71,4% од компаниите во секторот сообраќај и складирање и 60,2% од компаниите во секторот трговија, очекуваат потешкотии во работењето.

Фото: Freepik