Половина милијарда луѓе би можеле да се најдат на работ на егзистенцијата

32

Економските последици од кризата поради коронавирусот може да ја зголемат сиромаштијата кај половина милијарда луѓе во светот.

Ова предупредување доаѓа од студијата на Обединетите нации за финансиските и човечките загуби предизвикани од пандемијата. Податоците укажуваат дека сиромаштијата ќе се зголеми на глобално ниво за првпат по 30 години, пренесува BBC.

Светската банка предвидува дека само во Кина, 25 милиони луѓе ќе бидат на работ на егзистенцијата.

Низ целата планета има голем притисок од сегашниот вирус, така што едната алка во синџирот ја влече другата. Модните брендови ги откажуваат своите нарачки во земји како Бангладеш, каде повеќе од еден милион работници работат во фабриките за текстил. Сега се без работа, а со тоа и без приход.

Извештајот на ООН е направен пред клучните состаноци на Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд и министрите за финансии на Г20 што ќе се одржат следната недела.

Фото:Pixabay