Пониски цени на индустриските производи во јуни

19

industrija-ventili-pixabay

Фото: Pixabay

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во јуни оваа година, се пониски за 1% на месечно ниво, а повисоки за 0,4% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јули 2017, во споредба со јуни 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2% и Енергија за 0,4%, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.
Во јули 2017, во споредба со јули 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 2%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,7%, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4% и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4%.