Пониски цени на угостителските услуги во февруари

15

hrana-restoran-pexels

Фото: Pexels

Цените на угостителските услуги во февруари, во однос на јануари, се пониски за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групата Ноќевања за 0,7%. Цените на угостителските услуги во февруари 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,3%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – февруари 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,4%, додека во однос на декември 2016 година е намален за 0,1%.