Пониски цените на индустриските производи на странски пазари во април

16

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари, во април оваа година, бележат намалување од 0,4% на месечно и 2,8% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во април оваа година, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2,2%, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,3%.

Во април оваа година, во споредба со истиот период лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6%, а во секторот Преработувачка индустрија за 2,5%.