Пониски продажните цени на индустриските производи лани во ноември

15

Продажните цени на производителите на индустриски производи во ноември 2015 година се пониски за 0,2% на месечно ниво, а 5,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во ноември 2015, во споредба со октомври 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2,4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,3%, a во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,1%.

Во ноември 2015, во споредба со ноември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9,9%, во секторот Преработувачка индустрија за 5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,6%.