Пониски продажните цени на индустриските производи на домашен пазар во јануари

12

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јануари оваа година на домашниот пазар се пониски за 0,2% на месечно ниво, односно 0,4% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јануари 2016, во споредба со декември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 0,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6%, додека во групата Енергија цените се останати на исто ниво.

Во јануари 2016, во споредба со јануари 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 1,2%, Енергија за 0,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3%.