Пониски продажните цени на индустриските производи на домашен пазар во октомври

10

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар, во октомври оваа година, се пониски за 0,1% на месечно ниво и за 0,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во октомври 2016, во споредба со септември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи освен енергија за 0,2%, Енергија за 0,1%, Капитални производи за 0,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1%, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

Во октомври 2016, во споредба со октомври 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи освен енергија за 3,3% и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1%.