Пониски продажните цени на индустриските производи во август

20

Продажните цени на производителите на индустриски производи, на домашен и на странски пазари, во август оваа година, се пониски за 0,6% на месечно, а за 1,7% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во август оваа година, во споредба со еден месец претходно, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,8% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,6%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 1%.

Во август оваа година, во споредба со истиот период лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 6,3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,7%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 2,9%.