Пониски продажните цени на индустриските производи во декември

22

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември минатата година се пониски за 0,2% на месечно ниво, односно за 0,8% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во декември 2015 година, во споредба со ноември 2015 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Капитални производи за 1,4%,

Интермедијарни производи, освен енергија и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3% и во групата Енергија за 0,2%. Во декември 2015 година, во споредба со декември 2014 година продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 1,3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5%.