Пониски продажните цени на индустриските производи во декември

13

Продажните цени на производителите на индустриски производи во декември минатата година, се пониски за 0,7% на месечно ниво, а за 3,8% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во декември 2015, во споредба со ноември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2,9%, а се пониски во секторот  Преработувачка индустрија за 1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,4%.

Во декември 2015, во споредба со декември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6,6%, во секторот Преработувачка индустрија за 3,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,8%.