Пониски продажните цени на индустриските производи во февруари

12

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари оваа година се пониски за 0,1% на месечно ниво, односно за 0,7% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во февруари 2016, во споредба со јануари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5% и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3%.

Во февруари 2016, во споредба со февруари 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 1,4%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,1% и Енергија за 0,1%.