Пониски продажните цени на индустриските производи во февруари

10

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во февруари, се пониски за 0,5% на месечно ниво, а за 4,4% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во февруари 2016, во споредба со јануари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5,8%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0,8%.

Во февруари 2016, во споредба со февруари 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 7,6%, во секторот Преработувачка индустрија за 4,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се на исто ниво.