Пониски продажните цени на индустриските производи во февруари

13

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во февруари оваа година и на домашен и на странски пазари, се пониски за 1% на месечно ниво и 3,3% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во февруари 2015, во споредба со јануари 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9,7%, а во секторот Преработувачка индустрија и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,2%.

Во февруари 2015, во споредба со февруари 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2,9%, и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 4.4%.