Пониски продажните цени на индустриските производи во јануари

21

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во јануари оваа година, се пониски за 0,9% на месечно ниво и 4,9% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јануари 2016, во споредба со декември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,8%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0,1%.

Во јануари 2016, во споредба со јануари 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 11,4%, во секторот Преработувачка индустрија за 4,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1%.