Пониски продажните цени на индустриските производи во јули

12

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во јули оваа година, се пониски за 0,7% на месечно ниво, а за 3,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јули 2016, во споредба со јуни 2016 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 4,3%, а во секторот Преработувачка индустрија и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,4%.

Во јули 2016, во споредба со јули 2015 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5,1%, во секторот Преработувачка индустрија за 3,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 1,7%.