Пониски продажните цени на индустриските производи во јули

13

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во јули оваа година, се пониски за 1,2% на месечно и 3,8% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јули 2015, во споредба со јуни 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2,5%, во секторот Преработувачка индустрија за 1,1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,9%.

Во јули 2015, во споредба со јули 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,6% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,2%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 4,6%.