Пониски продажните цени на индустриските производи во јуни

16

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јуни се пониски за 0,1% на месечно, а повисоки за 0,6% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јуни 2016, во споредба со мај 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Капитални производи за 0,5%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3% и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2%, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

Во јуни 2016, во споредба со јуни 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 7,1%, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,4%, Енергија за 1,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5%.