Пониски трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

23

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за четвртото тримесечје од 2014 година, се пониски за 2,6%.

Во четвртото тримесечје од 2015 година, во споредба со третото тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,3%, трошоците за материјали се пониски за 0,4%, а трошоците за вработените се повисоки за 2,3%.

Во четвртото тримесечје од 2015 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2014 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 2,6%, трошоците за материјали се пониски за 4,5%, а трошоците за вработените се повисоки за 2,5%.