
Раде Кончар-Трансформатори и електрични постројки -ТЕП ДООЕЛ преку Македонската берза соопшти дека има намера да објави понуда за преземање на компанијата Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје.
Сите акционери на „Раде Кончар – Апаратна техника“ АД Скопје се известуваат дека наскоро ќе биде објавена понуда за преземање на компанијата по цена од 2.435 денари по акција, согласно член 22 став 1 од Законот за преземање на акционерските друштва.
„Согласно член 22 став 1 од Законот за преземање на акционерските друштва, ги
известуваме сите акционери на Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје дека
имаме намера да објаваме Понуда за преземање на целното друштво Раде
Кончар-Апаратна техника АД Скопје по цена од 2.435 денари по акција“, пишува во објавата на Македонска берза.
Понудата за преземање ќе биде објавена по добивањето на дозвола од страна на
Комисијата за хартии од вредност, стои во соопштението објавено на Македонската берза.
Фото: Pixabay











