Попладне локално невреме

16

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево и потопло. Попладне ќе настапи дестабилизација на атмосферата со локален дожд и грмежи, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот во западните делови и засилен ветер од западен и југозападен правец. Дневната температура ќе се движи од 28 до 34 степени.

Скопје слично време со температура до 32 степени.