Попладне нестабилно со дожд и грмежи

21

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува умерен, а во зоната на нестабилност и засилен југозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од 17 до 28 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 25 степени.