Попладне услови за дожд

15

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло во претпладневните часови, а повремено ќе дува засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе се движи од 30 до 36 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи.