Попова Кула работеше со загуба од 76.000 денари во првото тримесечје

26

popova kula

Винарската визба Попова Кула прикажа загуба од 76.000 денари во првото тримесечје, што е намалување од 400.000 денари во однос на загубата во истиот период лани, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.

Вкупните приходи од продажба во тој период се на ниво од 6.451.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 5.090.000 денари, додека 1.361.000 денари се остварени од продажба на странски пазари.

Истиот период лани, Попова Кула реализираше вкупни приходи од продажба во вредност од 4.298.000 денари.