Поповолна оценка за економската состојба во август

11

Раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во август 2014 година како поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на август 2013, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Oценката за обемот на производството во август 2014 година е на исто ниво како и во претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, а очекувањата за бројот на вработени се поповолни во однос на претходниот месец.

Во август 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали, се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во август 2014 година се намалени во однос на јули 2014 година. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2014 година изнесува 61,8% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во август 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 24%, недоволната домашна побарувачка со 17,8%, неизвесното економско опкружување со 8,5 % и финансиските проблеми со 8,4%.