Попуст на големо – осум станови на Менхетен за 27 милиони долари

208

Семејство од Перу купи осум луксузни станови во Менхетен во нов луксузен комплекс за скоро 27 милиони долари. Поради ова, тие добија попуст на големо и заштедија повеќе од два милиони долари.

Семејството, кое сакаше да остане анонимно, сакало да ги сочува своите пари безбедни за време на епидемијата на коронавирус, немало доверба во банките и затоа инвестирало во станови. Апартманите што ги купиле зафаќаат површина од 1.000 метри квадратни, пренесува Wall Street Journal.

Семејството планира да ги изнајмува становите кои се наоѓаат во близина на Централ парк, а во зградата има затворен базен и сквош салон.

Фото: Pixabay