Поранешен вработен во Дизни креирал неверојатно возило за својата ќерка

63

1

Ова теренско чудовиште KiraVan е подготвено за апокалипса. Дизајнирано е да ги издржи најтешките услови на природата и е дело на дизајнерот и технолог Бран Ферен, кој е поранешен вработен во Дизни, чија работа била да ги оживее магичните кралства од филмските фантазиите.

2

Иманувано по ќерката на Ферен – Кира, експедициското возило е дизајнирано таа да може безбедно и удобно ги види светските чуда, пишува Business Insider.

4KiraVan е дизајнирано и изградено од Applied Minds LLC, каде што Ферен е ко-претседател. Возилото е изградено врз платформа на Mercedes-Benz на која што е закачена приколка наменета за сместување.

9

Развојот на KiraVan започнал во 2010 година и е дизајнирано како експедициско возило со ограничено еколошко влијание.

10

Возилото има капацитет да носи храна, вода и други материјали што се потребни за живот на три лица за три недели.

5

На кровот има бројни сателитиски комуникациски антени и систем за осветлување со висок интензитет.

6

Внатре во приколката има напредна канцеларија со дополнителни комуникациски системи и сет за контроли за далечинско управување на возила или беспилотни летала.

7

Целиот отпад од KiraVan согорува за да се намали еколошкото влијание на возилото.

8

11

12

13