Пораст на бројот на туристи во јуни

17

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2018 година изнесува 102. 327, а бројот на ноќевањата изнесува 243.175.

Бројот на туристите во јуни годинава, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за 20,7 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 23,4 %. Бројот на домашните туристи во однос на истиот месец лани е зголемен за 15,9 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 22,4 %.

Се зголемил и бројот на ноќевањата на туристите, кај домашните за 11,4 %, а кај странските туристи за 29,5%.

Во периодот јануари – јуни 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16,4% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9,3%, а кај странските за 19,8%.

Бројот на ноќевањата за истиот период е зголемен за 16,0 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,6 %, а кај странските за 21,9 %.

Фото: Pexels