Пораст на индустриското производство од 1,3%

11

Индустриското производство во август оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 1,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2014 година, во однос на август 2013 година, бележи опаѓање од 11,8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 11,2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 46,6%.

Според главните индустриски групи, производството во август 2014 година, во однос на август 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,8%, Капитални производи за 46,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,7%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 42,8% и Трајни производи за широка потрошувачка за 10,1%.

Индустриското производство во периодот јануари – август 2014 година, во однос на периодот јануари – август 2013 година, бележи пораст од 4,3%.