Пораст на индустриското производство од 9,1% во септември

15

Индустриското производство во септември оваа година забележа пораст од 9,1% во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, бележи пораст од 7,7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12,9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 15,9%.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,9%, Капитални производи за 64,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 11,1% и Трајни производи за широка потрошувачка за 8%.

Индустриското производство во периодот јануари – септември 2014 година, во однос на периодот јануари – септември 2013 година, бележи пораст од 4,8%.